Фолк пејачката Марија претрпела сообраќајна несреќа, кој лесно можела да се претвори во страшна трагедија, тврди бугарска HotArena, повикувајќи се на очевидци
На пејачката и пукнала гума на патот помеѓу Михалково и Кричим. Инцидентот се случил во понеделникот по полноќ. Автомобилот на Марија,марка џип “Мерцедес”, бил на работ да се преврти и падне во стрмен канал што крај брегот на водите на реката В’ча. Инцидентот се случил поради одрон на камења на патот, и големата брзина со која бил управуван автомобилот.
Ситуацијата околу несреќата станува уште поскандалозна заради фактот што Марија одела да пее на фестивалот Родопите. Но, сето ова на 23 јули, не било официјално објавено. Во понеделникот, Марија дефинитивно пеела без нејзините продуценти од „Пајнер“ да знаат за тоа, па пејачката го премолчела случајот.
Таа е позната по нејзиниот маничен интерес и лакомост за пари и сите можни начини на кои може да ги добие.
Што значи дека „лапнала“ хонорар од 10 до 15 илјади лева за нејзиниот настап, без да им пријави на продуцентите од „Пајнер“.
Извор: Новини.бг