Бугарската пејачка Камелија во едно интервју прилично лицемерно рече дека и е тешко да се соблече.
Позната по разголените фотографии не само на насловниците на магазините, туку и на порталите и социјалните мрежи, таа вели дека не била како другите колешки кои лесно се соблекуваат, објави за Нова ТВ. И додека медиумите не можат да ги избројат разголените фотосесии на жешката русокоса, децидни се дека Камелија позира топлес со и без повод.
Жешката милфица со години наназад постојано се сликаше гола и великодушно ги споделуваше разголените фотографии со своите обожаватели, од кои некои ја поминуваа пристојноста над пропишаната мерка, а сега изигрува наивна калуѓерка.
„Никогаш не сум ја минала границата да бидам вулгарна. Тоа е внатрешна хигиена. Излегов еднаш на сцената со налепници преку градите. Блескаа во розово и жолто крстовите што ми ги покриваа пупките.
Тоа беше шок за сите освен за мене. Балетаните почна да ги грешат чекорите, а продуцентот ми рече: „Ги уби сите“.
Фото: Инстаграм принтскрин/kamelia_official