Радио Милева вештачки шарм

Бугарската пејачка Андреа претера со фотошопот: Совршена слика со криви столбови и ѕидови (ФОТО)

Бугарската пејачка Андреа претера со фотошопот: Совршена слика со криви столбови и ѕидови (ФОТО)

Во текот на изминатите неколку месеци, бугарската фолк ѕвезда Андреа го привлече вниманието на фановите со своите фотошопирани фотографии.

На нејзините профили пејачката изгледа извајано, а во реалниот живот има малку повеќе килограми од што треба.

Пред само неколку дена, таа одново флертуваше со фотошопот, а доказ за фалсификуваната фотохграфија се кривулестите столбови и ѕидови во куќата. Совршената слика за себе е дел од имиџот на скоро сите ѕвезди, и речиси не постои некоја која не е фатена со фотографии преправани со различни програми.

Фановите, сепак, побараа од Андреа да не се срами од своето тело и да го исфрли вештачкиот шарм од своите профили.

To top