Радио Милева провоцира за да го нервира...

Бугарската фолкерка Андреа се соблече за инает на бившиот сопруг, па се сликаше со гол г*з во обилен луксуз (ФОТО)

Бугарската фолкерка Андреа се соблече за инает на бившиот сопруг, па се сликаше со гол г*з во обилен луксуз (ФОТО)

Фолкерката Андреа по којзнае кој пат ги воодуушеви посетителите на социјалните мрежи. Сега русокосата осамна „пиштол гола“ или поточно како седи на гола задница, видливо добро обработена во Фотошоп, како впрочем и целата нејзина фигура.

На фотографијата што ја објави на Инстаграм, таа е целосно гола позира одзади, свртена со грб едвај седната на столче на масата со обилно богата гозба. Фотографијата е снимена во видливо луксузен дом, за кој можеме само да претпоставиме чиј е и каде се наоѓа. Од фотосториите на нејзините Инстаграм  приказни, може да се заклучи дека таа веројатно е некаде на одмор.

Обидот за провокација на Андреа предизвика бура од негодувања.

„Се надевам дека подоцна ќе го измијат столот. Има и други луѓе што ќе седат зад тебе“,пишуваат поединци под фотографијата. „Таа го загуби умот и се уште не и е дојден“, велат други. „Не е пристојно да седите на маса со храна гола без гаќички!“, негодуваа нејзините следбеници. Нивните прекори не запираат со секој втор коментар, а некои од нив ја чепнаа и на професионален план: „Добро, ти си кралица, но каде ти е хитот?!“, ја прашуваат под фотографијата, а трети пак се жалат дека Андреа им ги брише нивните коментари.

Оние што одблизу ја познаваат пејачката се категорични дека преку овие провокации таа има за цел само да го иритира поранешниот сопруг Кубрат Пулев – Кобрата. Тој  отсекогаш беше против голотијата на неговата сега веќе екс сопруга и секогаш се обидуваше да ја спречи во ваквите постапки. Сега кога двајцата се разделија, таа очигледно тешко го проголта фактот дека боксерот не е до неа и се прашува како да му го привлече вниманието или разгори лутината.

Извор: HotNews.bg
Фото: Инстаграм принтскрин/andreabulgaria

 

 

To top