Една од најпознатите бугарски фолк пејачки и најголеми музички ѕвезди во Бугарија, сексапилното мињонче како што ја нарекуваат Марија, во ТВ интервју без да размисли наседна на финтата на водителот, па несакајќи се издаде, дека во моментов нема маж покрај себе, односно дека е соло!
Имено, пејачката одоговарајќи на прашањата на водителот „падна на финта“, откако тој ја праша: „Како би отворила пиво, ако дома нема отворач за шишиња? Марија се истрча со одговорот, па без да размисли веднаш му возврати: „Јас отворач за пиво не користам… И тоа од едноставна причина што во мојата куќа во моментов нема маж, па никој и не пие пиво!“
Со ова бугарската фолк дива самата ги потврди шпекулациите дека сепак се разделила со сега веќе, својот бивш љубовник! Информација што ја криеше од јавноста, која веќе ја осуди дека Марија мажите ги менува како… валкани гаќички!