И покрај паниката од коронавирусот, Андреа најде начин да покаже дека си го тера животот…. по свое!
Пред неколку дена, пејачката ја објави својата нова песна „Gimme your love“ и не престана да ја промовира во свој стил – максимално разголена. За да привлече внимание во последните неколку дена, расната русокоса објави фотографии на која е оскудно (с)облечена, а градите и се сосема голи, сервирани на јавноста како на послужавник.
По критиките, таа сепак се погрижи да ги цензурира фотографиите. Се разбира, фановите не беа воодушевени по цензурата, но имаше и такви кај, кои голите фотографии не беа примени со голем ентузијазам.
„Зошто постојано треба да си гола?“ – ја запрашала бугарската фолк дива една нејзина обожавателка во коментарите под жешките фотографии. Спротивно на тоа, фотографијата собра над 10.000 лајка во истиот момент кога се појави.
Веројатно тоа е најдобриот одговор на поставеното прашање, кој Андреа и не мораше да го изусти… Доволно беше само да се соблече!
Извор и фотографија: Sportal.bg