Радио Милева
сфати како треба или така и чини?

Бугарската актерка Јана Маринова прво го празнуваше „Преспанскиот договор“, а сега кога и треба… Преслава се враќа во Македонија, ама не во „Северна“! (ФОТО)

Бугарската актерка Јана Маринова прво го празнуваше „Преспанскиот договор“, а сега кога и треба… Преслава се враќа во Македонија, ама не во „Северна“! (ФОТО)

Во Бугарија таа оддамна е позната… И по глумата и своите улоги и по останатите нешта кои и се сфера на интерес во приватниот живот.

Македонската јавност пак, Јана Маринова ја запозна по улогата на заводливата бугарска газдарица на пансионот „Преспав“, од претспоследната сезона на овој популарен хумористичен ТВ ситком серијал. Елегантна, згодна, привлечна, заводлива, секси… Преслава или Славче како сакате, мамеше воздишки со секое свое појавувување во секоја епизода од „Преспав“.

Но уште тогаш, намерно или случајно или можеби во духот на договорот за „добрососедски односи“, позната и славна комшика направи еден – два гафа кои на повеќето Македонци баш и не им се допаднаа.

Уште невратена дома, Јана мома Маринова најпрвин со потсмев „го славеше“ Преспанскиот договор“ среде скопскиот плоштад Македонија, па сето тоа го овековечи со селфи пред фонтаната „Воинот на коњ“ и стаус под фотографијата!

Малку подоцна денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по стариот бугарски обичај Јана си го присвои, па од улиците на бугарската метропола ја искористи можноста да го честита, како што рече: „Празникот на бугарската писменост и култура“!? Уште една празнична честитка по бугарски терк!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/preslava-od-prespav-iako-cela-sezona-lebot-go-jadeshe-vo-makedonija-bugarkata-doma-si-tera-po-svoe-chestit-sveti-kiril-i-metodij-praznik-na-bugarskata-pismenost-i-kultura-video/

Арно ама, дојде време „дивата и среќна“ актерка да се врати во Македонија…

Повод – светската турнеја и промоцијата на нејзиниот последен филм „Диви и среќни“ (Диви и щастливи), во кој Јана Маринова  глуми и е продуцент, чија премиера е закажана денес, 13 февруари 2020 година во киното „Синеплекс“ во Скопје, а филмот ќе се прикажува и во „3Д Кино“ во Битола.

Така Јана уште од Прага каде го промовираше филмот, порача дека преку Белград ( каде снимаше реклама за еден познат производител на козметички препарати и бои за коса), лета за Софија од таму седнува во автомобилот и со полн гас ита кон… МАКЕДОНИЈА… за премиерата на „Диви и среќни“ во Скопје! 

Дали и самата поучена од резултатите од Референдумот за промена на името, или некој друг ја поучил какво е расположението кај Македонскиот народ по тоа прашање, сеедно… Сега, кога и треба, во вокабуларот на бугарската актерка, при изговорот на името Македонија, за среќа, никаде ја нема со сила наметнатата географска одредница – „Северна“!

Впрочем, за Бугарија, Македонија отсекогаш и била (на) Запад!

 

 

Останати вести од Радио Милева