Јелена Карлеуша пред неколку дена со крајно смирен тон истакна дека не и замерува ништо на Дара Бубамара, бидејќи јавноста се почесто можеше да слушне приказни дека веќе не се во добри односи.
Јелена изјави дека и помогнала на Дара кога животот и бил многу тежок и дека воопшто не жали за тоа.
На зборовите на Карлеуша сега и одговори Бубамара, која во изјавата за Курир.рс дефинитивно им стави до знаење на сите дека ставила крај на дружењето со Карлеуша и дека не и е јасно зошто во јавноста се кренала драма без причина околу оваа работа.
– Никогаш не сум прашала кој со кого се дружи. Вакви прашања поставуваат само искомплексирани, суетни и несигурни луѓе. Ја знаете таа песна: „Ко се снама дружи, живот му је дужи, а ко са мном није ни за к*рац није“. Јас сум жена што сите ја сакаат и омилена сум. Можам да се дружам со сите колеги, јас сум фаворит… За мене, татко ми, кој ми беше бог татко, никогаш не кажа што да правам. Ако не ви се допаѓа, не мора да гледате, и тоа е тоа… – истакнала Дара и конкретно се осврнала на односот со Карлеуш:
– Воопшто не би размислувала за Карлеуша. Секој работи за себе, не за мене. Јас неработам ништо. Јас сум чиста. А тие приказни, за тоа помагање, тоа… Што помогнав јас таа се што знае и не знае, па не зборувам за тоа. Затоа што јас сум дама и нема да кажувам грди или убави работи. Нека заврши тоа сега како ќе заврши, нејзин избор и нејзина работа. Суетата е чудо! – шокираше Дара.
Таа нагласи дека нема време да следи што се пишува за неа бидејќи многу работи и заработува.
– Се трудам да бидам во ред со сите. Кој не е коректен, само имам амнезија. Ништо не му правам, не му посакувам зло. Тоа се многу малку луѓе. Добра сум со сите, со сите се согласувам. Како што вели еден мој пријател: „Кој не е добар со Дара е навистина лош“. Веројатно им е досадно. Работам многу, заработувам… Немам време да следам што и кој, како… слушам од фановите кога ми праќаат пораки – заврши Дара за Курир.рс.
Да потсетиме, Јелена изјави дека нема ништо против Дара и дека секогаш се трудела да и помогне што е можно повеќе.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Дамир Дервишаѓиќ/Немања Николиќ