Раперот Канје Вест е уловен на романтична вечера со актерката Џулија Фокс, пишува „Page six“.
Вест и Фокс биле уловени додека вечераат во ресторан во Мајами. Раперот бил облечен во црн капут, додека актерката носела провокативен син корсет и фармерки.
Меѓутоа, извор близок на раперот тврди дека не било ништо сериозно и дека Канје се труди да се забавува среде разводот од Ким Кардашијан.
Во последните месец дена, Канје повеќе време поминува во Мајами откако Ким му даде до знаење дека е сериозна во врска со разводот.
За потсетување, Канје неодамна купи куќа спроти куќата на неговата поранешна жена, а за истата искеширал 4,5 милион долари.
фото: тањуг ап/профимедиа/инстаграм