Српскиот пејач, Саша Ковачевиќ со една фотографија го „запали“ Инстаграм.
Имено Ковачевиќ покрај многубројните хитови кој ги испеа изминативе години, фановите го следеа и додека полека но сигурно го билдаше своето тело, па сега го знаат и како мошне мускулесто момче.
Пејачот често знае да објави некоја провокативна фотографија истакнуваќи ги своите мускули.
Балканскиот шармер објави фотографија како ужива покрај базен, каде акцент е ставен на неговите стомачни мускули. Фотографија која не е за љубоморни мажи и жени со слабо срце, зашто на неа Саша покажа што има под маичката.
Затегната кожа и планина од „плочки“!
View this post on Instagram
Саша ги спушти провокативно мокрите гаќички за капење, па мног обожаателки ги остави со подотворена уста од приложеното.
-Одморот заврши, стои описот во објавата, па до болни батерии Ковачевиќ им се враќа на настапите низ Балканот.
фото:Инстаграм/Саша Ковачевиќ