Пандемијата со коронавирусот на сите ни го промени текот и начинот на живот, а музичарите комплетно се без настапи. Сега, тие останаа само да се присетуваат на убавите времиња кога настапуваа на сцена пред публика.
Како за сите од музичката фела, така и за Симона Поповска настапите и муиката се ставени на пауза на неопределено време.
Познато е дека покрај музиката, нејзина голема љубов е медицината, па естетското разубавување на македонските дами сега е нејзина примарна професионална преокупација.
Дека музиката многу и недоставува и се навраќа на времето од дружбите на фестивали, танцот, убавата песна…. Симона покажа со спомен-фото од настапот на Макфест 2016 година каде ја изведе песната „Ќе најдам друг“.
На сцената играше со танчарот Илија Карадаковски кој пак на своите „стори“ на Инсатграм го сподели моментот од танцот на Симона кога ја крева ногата високо, и како да сакаше да и поласка за убавата изведба од тоа време.
Дека на музичарите и сценските уметници им недостасува музика, забава, дружење, е повеќе од јасно, а во продолжение да се потсетиме како изгледаше настапот на секси Симона од 2016 година на сцената на Макфест во Штип.