Брус Џенер долго го криеше своето вистинско лице и чувството на заробеност во машкото тело позади фотографиите од совршено семејство со многу деца.
Кога децата пораснаа, а тој проценил дека дошло време да го живее животот што го сака, ја призна својата вистинска природа и започна процес за промена на полот и целата своја личност.
Сега е познат под името Кејтлин Џенер и вели дека за среќа, здравје и долговечност најважно е да се живее со полни гради и онака како што посакува секоја индивидуа.
Денес го слави 71-от роденден, петтиот откако стана жена. Гордо носи мини здолништа и вели дека апсолутно и во секоја смисла се чувствува како дама.