Радио Милева
реакција

Бројни навреди кон Теодора Џехверовиќ: Пејачката одлучи да не премолчува (фото)

Бројни навреди кон Теодора Џехверовиќ: Пејачката одлучи да не премолчува (фото)

Теодора Џехверовиќ реши да не ги премолчува бројните навреди на нејзините следбеници на Инстаграм, па некои од нив ги нарече „телешка глава“.

На следбениците очигледно не им се допаднале бројните провокативни фотографии кои таа редовно ги објавува на социјалните мрежи. Затоа не штедеа на критики, но пејачката реши да им одговори на многу едноставен и вулгарен начин, што шокираше многумина, кои сметаат дека јавна личност не треба да реагира на таков начин.

Во еден од коментарите, следбениците и замериле на пејачката дека се преправала дека е важна, со оглед на занимањето на нејзините родители.

-Го гледам „Папарацо лов“ а ти се правиш многу важна. А сети се дека мајка ти е шнајдерка, а татко ти е градежник – на што следеше одговорот:

– Теле глава, ако мислиш дека тоа што го напиша е навреда за мене, многу си се за**ал – не премолчи пејачката. 

Секако, имаше и такви кои ја пофалија што конечно се облекла на една од фотографиите на Инстаграм, со оглед на тоа што на повеќето фотографии носи мали крпчиња.

– Убаво е да те видам облечена… Се шегувам, секако… Ха-ха – гласи коментарот.

– Умрев од смеење, која фора – заврши Џехверовиќ.

Фото: printskrin/instagram/teodoradzehverovic

Останати вести од Радио Милева