Сара Мејс е во последните недели на 9-от месец од бременоста, а штркот само што не слетал во нивниот дом.
Ако во првата бременост со ќеркичката Илина на социјалните мрежи бараше совети на колку степени да ги пере бебешките алишта, сега е искусна околу се’, па ужива безгржно во секој момент.
Дека тоа е така, потврди со најновата тематска фотосесија, всушност две, со различна тематика, едната семејна, а другата со фокус на неа и труднчкиот сексапил.
Сопругот Димитар и наследничката Илина ја рефлектираа сета своја среќа и возбуда дека синчето и братче доаѓа, а мама Сара е нивниот центар.
Фотографиите кои ќе им бидат за спомен се преслатки, осовено малата Илина.
Другата фото- сцена, бремената Сара реши да овековечи и провокативни моменти со стомак до заби, па облече црн тесен фустан со отвори од страните за кои гаќички би биле вишок, а Сара беше самоуверена тоа да го истакне.
View this post on Instagram
За потсетување, Сара и Димитар заедно со ќеркичката неодамна беа на летен одмор во Туција, па со полни батерии се вратија да го дочекаат бебето кое ќе се роди во една приватна клиника во Скопје.
Со лесно!
фото:photofactory.mк/Инстаграм Сара Мејс