Радио Милева

Бритни Спирс тврди: „Татко ми ме тераше да се дрогирам, па ме смести во душевна болница!“

Бритни Спирс тврди: „Татко ми ме тераше да се дрогирам, па ме смести во душевна болница!“

Пејачката Бритни Спирс (37) тврди дека нејзиниот татко Џејми (66) ја терал да се дрогира, а потоа ја ставил во установа за ментално здравје против нејзината волја, пишува “Тhe Sun”.

Иако Бритни на на судијата му кажала дека нејзиниот татко ја натерал да отиди во болница за ментално здравје пред еден месец, нејзината мајка Лин (64) ги негираше обвинувањата.

Извори за странските медиуми тврдат дека Бритни престанала да прима лекови што ја држат  под контрола во нејзиното однесување. Таа побара поголема слобода, но судијата тоа не го одобри. Пејачката ќе биде оценета од експерт пред да се донесе одлука.

Џејми е задолжен за имотот на неговата ќерка, бидејќи таа имаше нервен слом  пред десет години. Сепак, и покрај овој договор, тој нема овластување да ја носи  во ментална институција или да и дава разни супстанци  без нејзина согласност.

Минатиот месец, обожавателите на пејачката ја започнаа #FreeBritney кампањата, обидувајќи се да докажат дека таа е под нејзиниот татко без никаква потреба.

Пејачката за социјално вмрежување редовно ги информира обожавателите за тоа како се опоравува.

фото:инсатграм/бритниспирс

 

 

To top