Пејачката Бритни Спирс реши на суд да зборува за нејзиниот татко, кој има старателство над неа.
Бритни ќе го даде своето сведочење пред судот за нејзиниот татко, кој според одлуката на судот и експертите, има контрола над нејзиниот живот веќе 13 години.
View this post on Instagram
Нејзиното сослушување предизвика големо внимание кај обожавателите кои некогаш ја започнаа кампањата „Слободна Бритни“ затоа што мислеа дека и се заканува нејзиниот татко Џејсми.
Холивудската ѕвезда досега не сведочеше на оваа тема, но нејзиниот адвокат ја застапуваше пред судот.
View this post on Instagram
Сепак, адвокатот сега инсистираше таа лично да им ја каже својата страна на приказната пред институциите.
Денес (23.06.2021) Бритни првпат ќе се обрати на суд на нејзиниот татко за легалното старателство. Денешното сослушување на пејачката е всушност нејзиното прво обраќање до судот од почетокот на битката со татко ѝ.