Радио Милева слобода за Бритни

Бритни Спирс изгуби на суд: Пејачката останува под „ропство“ на нејзиниот татко!

Бритни Спирс изгуби на суд: Пејачката останува под „ропство“ на нејзиниот татко!

Бритни Спирс изгуби на суд по барањето да биде одземенo старателството на нејзиниот татко кој веќе 13 години управува со нејзиниот живот.

Судијката Бренада Пени, која е задолжена за случајот на Бритни Спирс  го одбила барањето на пејачката да биде на слобода и да биде отстранато старателството на нејзиниот татко Џејми Спирс.

Судијката вчера (30.06.2021) потпишала нова пресуда со која Џејми и понатаму ќе го контролира животот на пејачката.

фото: Профимедиа/бацгрид/уса

Детали зошто донела таква одлука допрва ќе бидат објавени, а како што пишуваат медиумите се очекува повторно да биде поднесена петиција за слобода на Бритни.

На 23 јуни оваа година, пејачката се најде на насловните страници ширум светот откако по две години конечно проговори и побара да преземе контрола над својот живот и над своите финансии.

Се очекува адвокатот на пејачката да поднесе жалба за отстранување на старателството на Џејми.

Инаку, пред неколку дена Бритни првпат сведочеше на суд против нејзиниот татко и изнесе детали како тој се однесувал со неа во текот на сите овие години.

фото: принтскрин/јутуб

„Истрамуатизирана сум, само сакам мојот живот да се врати назад“, изјавила таа на судот, а пренесува „ББС“.Исто така таа откри дека нејзиниот татко не и дозволувам да стапи во брак со нејзиното момче, ниту пак да има деца.

фото: ројтерс

 

Пред рочиштето, пред судот се појавија фановите на пејачката кои носеa на кои пишува: „Ослобедете ја Бритни веднаш“.

To top