Радио Милева

Бритни Спирс го прослави роденденот покрај базен со 13 години помладото момче, а сите зборуваат за нејзиниот изглед (фото)

Бритни Спирс го прослави роденденот покрај базен со 13 години помладото момче, а сите зборуваат за нејзиниот изглед (фото)

Американската поп -пејачка Бритни Спирс го прослави својот 38-ми роденден со момчето Сем (25) и тоа на многу активен начин.

Двојката беше на куглање и лизгање, а потоа уживаа покрај базен сончајќи се на Мајами. Пејачката носеше бикини со цветен дезен и разменуваше нежности со 13 години помладиот партнер.

Но, сите го коментираат  нејзиниот изглед и килограмите со кои вечно се бори.

фото:профимедиа

Бритни Спирс многу се промени, а се претпоставува дека најголемо влијание за тоа има нејзиниот приватен живот.

фото:профимедиа

Сем на социјалните мрежи, со кратко видео каде што заедно лизгаат, напиша:

„Живееме, се смееме, се караме, а најмногу од сè се сакаме. Постои причина зошто светот се заљуби во тебе. Ти можеби си принцезата на поп музиката, но пред сè си моја принцеза. Среќен роденден душо!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari) on

Роденденска честитка на Бритни  и упати и помладата сестра, Џејми Лин Спирс (28) која објавила неколку заеднички фотографии од детството за кои напиша:

„Некои работи никогаш не се менуваат. Секогаш те гледам. Среќен роденден на мојата сестра“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lynn Spears (@jamielynnspears) on

Инаку, Бритни е во врска од 2016-та година, а во јавноста се појавија заедно во 2017-та година. Сем бил покрај пејачката во нејзиниот најтежок период кога поради семејните конфликти Бритни завршила во ментална установа.

По американските таблоиди се шпекулира дека парот наскоро би можел да стапи во брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

За Бритни тоа би бил трет брак. Првпат се венчала во 2004-та година за пријател од детството, Џејсон Александер. Тој брак траел неколку часа.

Истата година се омажила за Кевин Федерлајн со кој има две деца, а се развеле во 2006-та година.

To top