Радио Милева

Британските медиуми пишуваат дека семејството на Кејт Мидлтон е пред банкрот

Британските медиуми пишуваат дека семејството на Кејт Мидлтон е пред банкрот

Последните денови британските медиуми пишуваат дека фирмата која е во сопствеништво на родителите на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е пред  банкрот.

Родителите на британската принцеза, Карол и Мајкл Мидлтон својот бизнис го започнале како вработени во “British Airwaysa”  каде што Карол работела како стујардеса, а нејзиниот сопруг како диспечер на летот.

Меѓутоа, во 1987 година одлучиле да почнат сопствен бизнис. Се започнало кога мајката на Кејт, по раѓањето на синот, почнала да продава торби и декорации за детски родендени.

Бидејќи нивната работа почнала да се развива, Мидлтон формирале сериозна комапнија позната како „Party Pieces“.

Меѓутоа, последните недели вработени почнале да ја напушаат фирмата при што загубата е во милиони.

„Атмосферата во фирмата е очајна“  се зборовите на поранепните вработени.

Иако Миделтон не ги коментираат написите во медиимите, изгледа дека на фирмата и се заканува да оди во стејач.

To top