Промотер

„Бревис бенд“ имаат своја изведба на старото „Латино ЦД“ (ВИДЕО)

„Бревис бенд“ имаат своја изведба на старото „Латино ЦД“ (ВИДЕО)

„Бревис бенд“ летово го започна со интересен проект со преработки на македонските хитови, а откако спои 11 од нив во 4 минути, на ред дојде и освежената верзија на „Латино ЦД“, една од најпознатите песни на Александар Митевски, сместена на неговиот албум „Диско“ од 2001 година.

На вокалистот Мартин Иванови клавијатуристот Никола Николовски, кои го сочинуваат јадрото на „Бревис бенд“, за преработката на „Цедето со латино“ им се придружија виолинистот Димитар Михајловски и гитаристот Бојан Дичоски,како и Иван Јамандиловски, кој се погрижи за аудиото, и со Алек Тасевски, чиј потпис стои на видеото.

Заедно со момчињата, во видеото се појавуваат и Пале Манева и Мартина Костандинована виолина, а крајниот резултат на оваа музичка дружина ве очекува во продолжение.

To top