Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица се најде во центарот на вниманието на јавноста за време на врската со Михајло Веруовиќ Војаж, а по распадот на романсата, пејачката не поминаа ниту часови туку среќата ја најде со своето ново момче.
Уште пред да се дознае неговиот идентитет, се посомневаа сите дека пејачката се верила, што беше резултат на нејзините објави на Инстаграм каде сподели фотографија од свршеничкиот прстен.
Бресквица никогаш не ги потврди тие гласини, а сега на Инстаграм одговори на неколку „лексиконски“ прашања, меѓу кои и нејзиниот љубовен статус.
Како одговор на ова прашање, таа повторно го објави свршеничкиот прстен, кој ги натера сите да помислат дека врската ја подигнале на повисоко ниво.
Да потсетиме, избраникот на Анѓела, Никола, е 8 години постар од неа, вработен е, а како што се наведува, во полиција и е припадник на Единицата за интервенции.
Фото: Printskrin/Instagram/brrrreskvica