Радио Милева
ќе рипне во тавче

Брена подготвува свадба: Балканската фолк дива ќе го жени синот! (ФОТО)

Брена подготвува свадба: Балканската фолк дива ќе го жени синот! (ФОТО)

Најмладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ (22), ќе стапне на лудиот камен! Наследникот на фолк ѕвезда таи славниот тениски ас Боба Живојиновиќ ќе се жени за студентката од Брус, Сандра Миљаковиќ (26)!

Поради ситуацијата со коронавирусот, младенците ќе направат голема свадбена веселба во 2021 година.

„Планираме гала прослава со 500 гости. Не има многу  нас Живојиновиќи, затоа мора да најдеме голем простор на отворено. Ние нема да правме свадба сè додека не се смири ситуацијата со коронавирусот. Но, на Сандра и мене не ни пречи да чекаме, иоанака се однесуваме како да сме веќе во брак“ – вели Виктор за српски Информер и продолжува:

„Таа е голема поддршка за мене во сè. Пред само неколку дена, ја прославивме годишнината од нашата врска. Моето семејство е воодушевено од Сандра и тие имаат само пофални зборови за неа“.


Идната невеста е родена во селото Будиловина кај Брус, а студира на Филолошкиот факултет во Белград и професионално шминка. Неодамна се врати со Виктор од Монако, каде беше на првиот летен одмор со Живојиновиќ.

„Уживавме во одморот. Сандра и Брена се дружеа навистина убаво, тие постојано се сликаа меѓусебе. На сите ни требаше одмор, особено на мама и тато, кои сè уште се во Монако“ – вели најмалиот син на Брена и Боба.


Патем, Виктор целосно реши да стане независен, па пред неколку дена отвори свој сплав во Нов Белград.

„Решив да го отворам сплавот „Move“ затоа што сакам да го проширам мојот бизнис. Мама не беше за тоа затоа што веќе имаме ресторан, но таа на крајот сепак ме поддржи. Иако живеев во Америка, не сакав да инвестирам пари таму, туку во Србија. Го сакам угостителскиот бизнис и сите мерки во борбата против коронавирусот се почитуваат во моите угостителски локали. Заработката не е иста како порано бидејќи е намален бројот на гости, но јас секако не сум во минус“ – објаснува идниот младоженец.

Фото: Инстаграм принтскрин/viktorernest/sandramiljakovic

Останати вести од Радио Милева