Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена пристигнала да ја снима новогодишната програма на Радио-телевизија Србија во лежерно, но многу моќно издание.
Таа пристигнала со џип „мајбах“ од типот мерцедес ГЛС 600, чија цена е околу 160.000 евра, а откако излегла од автомобилот одушевила со својот стајлинг.
View this post on Instagram
Брена носела црна јакна, крем маица и тесни фармерки кои јасно покажале зошто нејзините долги нозе и денес предизвикуваат комплименти, а неможела да помине незабележано ниту моќната чанта што ја имала в рацете. Станува збор за моделот „Бирнин“ од брендот „Ермес“ и чини неверојатни од 9 до 150 илјади долари.
Овие чанти кои добија статус на икона, поминуваат низ процес на изработка кој е испланиран во детали, па така купувачот не ја плаќа само чантата туку и рачната изработка. Секоја чанта е направена во согласност со различни идеи на купецот – неависно дали е од кожата на гуштер, крокодил, ној или телешка, цената зависи од овие карактеристики.
View this post on Instagram
Интересно е што помалите чанти се поскапи од поголемите?! Секоја има брава и клуче. Внатрешноста е обложена со јагнешка или козја кожа. На крајот се става Хермес логото и кодот на мајсторот. За изработка на една чанта потребни се до четири дена, а списокот на чекање во еден момент достигнал и шест години.
Фотографиите од автомобилот и стајлингот на Лепа Брена можете да ги погледнете ТУКА.
фото: instagram printscreen/ lepabrenaa