Радио Милева
најдоброто и најскапото

Брена направи дар-мар на ромска веселба од милион евра: Се јадеше од златен прибор, се печеше вол на ражен, а гостите во дилириум (видео)

Брена направи дар-мар на ромска веселба од милион евра: Се јадеше од златен прибор, се печеше вол на ражен, а гостите во дилириум (видео)

Деновиве тема број еден на социјалните мрежи се снимки од екстравагантна ромска забава на која пееше никој друг туку најголемата икона на југословенскиот шоубизнис Лепа Брена.

Имено, се работи за прослава во Добри Воде, која ја организирал господин кој со години бил стациониран во Германија. Се славеше два дена, првиот ден прославата беше организирана во вилата на домаќинот со два базени, додека вториот ден забавата се одржа во луксузен хотел.

Покрај Брена, гостите ги забавуваа Слоба Радановиќ, Мухарем Шербезовски, најголемата романска ѕвезда Флорин Салам и Звонко Демировиќ. Вкупно 40 музичари.

Како што дознава Информер.рс, гостите јаделе со златен прибор, а црногорското приморје не памети поскапо мени. Менито вклучува морска храна, остриги, школки, стек, па дури и месо со ражен.

Посебен ексклузивитет на се секако носи ангажманот на Лепа Брена, која беше дебело платена за својот настап, но според договорот не зема бакшиш. Таа за оваа прилика имала голем број посебни барања кои домаќините морале да ги исполнат, а едно од нив било тоа што никој од гостите не смеел да и пријде, додека фотографирањето со неа било строго забрането. Придружувана беше од нејзиниот помал син Виктор Живојиновиќ.

Интересно е тоа што само на домаќините им било дозволено да седнат пред пејачката, што и го направиле.

фото:Принтскрин социјални мрежи/Информер.рс

Останати вести од Радио Милева