Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ поминаа едно прекрасно авантуристичко лето. Додерка некои со очи не видоа море, тие се изнашетаа од Азурниот брег до Јадранот.
Лепа Брена објави нови фотографии од јахтата, и никој не може да престане да ја коментира нејзината линија.
Пејачката замина на одмор со сопругот Боба и со со пријателите, а Брена носеше бел, едноделен костим за капење кој одлично и стои.
Во еден момент Боба ја зграпчи Брена околу половината и покажа колку ја обожава или се возбудува на својата сопруга. Тие во моментов се во Црна Гора.