Лепа Брена објави видео на Инстаграм и покажа колку е голема ѕвезда, но и колку е професионална.
Брена настапила во Сараево, а во еден момент имало прекин на струјата. Но, тоа најголемата музичка ѕвезда во регионот не ја спречило да се однесува како вистински професионалец.
Во моментот кога снемало струја, Брена го отпеала познатиот хит „Миле воли диско“, а по прекинот таа само се насмевнала и со публиката продолжила да пее гласно во преполниот клуб, како ништо да не се случило.
Брена само ги кренала рамениците, а потоа седнала на столот на бината и уживала од она што го добива од фановите …
Брена со тоа докажа дека сѐ уште е голема ѕвезда па напиша :
„Можеме да пееме и кога нема струја“, напиша таа на Инстаграм над видеото од настапот.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/lepabrenaa