Пејачката Александра Живојиновиќ и нејзиниот сопруг Филип очекуваат син, а еден ден откако таа објави дека официјално ги откажала сите настапи, по препорака на нејзиниот гинеколог, Александра сепак присуствуваше на „Гранд“ шоуто со Саша Поповиќ.
Иако во последно време сме ја виделе во комбинации на фустани што го покриваат нејзиниот труднички стомак, Александра овој пат се појави во кусо црно-бело фустанче кое, иако беше со поширока кројка, не ја скриваше бременоста на пејачката.
„Прија“ во креацијата на “Диор“ блескаше на сцената, а бременост очигледно и годи, па пејачката зрачи со позитивна енергија и не ја симнува насмевката од лицето.
Нејзината „свекрва“ Лепа Брена пак, се обидува максимално да и помогне на Александра со своите совети за бременоста.
Телеграф.рс – Фото: Никола Томиќ