Радио Милева

Бремената Кети Пери избегала од хотел во Австралија каде претходно престојувале заразените Том Хенкс и неговата сопруга (видео)

Бремената Кети Пери избегала од хотел во Австралија каде претходно престојувале заразените Том Хенкс и неговата сопруга (видео)
фото:принтскрин/инстаграм/кети пери

Светски славната пејачка Кети Пери (35), која пред неколку дена објави дека е бремена, беше фотографирана на аеродром како го напушта Сиднеј ден откако актерот Том Хенкс објави дека тој и неговата сопруга се заразени со Ковид-19.

Паниката е присутна насекаде, а не е имуна ниту пејачката која веднаш го напуштила хотелот во Сиднеј на 12-ти март.

Кети сакала да помине без да ја забележат,ама тоа не и тргна одрака иако беше речиси мскирана со тренерка и дуксер, со качулка на главата, очила за сонце и голема перница преку нејзиниот стомак.

фото:принтскрин/јутјуб

Кети Пери и нејзиниот свршеник, актерот Орландо Блум и поранешен сопруг на Миранда Кер, го очекуваат своето заедничко првото дете.

Инаку, пејачката била во хотелот „Парк Хајат“ во Сиднеј, односно истиот хотел каде престојувалеТом Хенкс и неговата сопруга, кои моментално се во карантин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by katy cat?& otaku (@katyp.dream) on

Останати вести од Радио Милева