Музичарот Горан Бреговиќ пред десет години купи луксузна вила во Истанбул. Недвижностите во овој дел на Истанбул чинат околу милион и пол евра, а Бреговиќ за својот платил дури два милиони.
Сепак, засега не е познато колку го продал. Имотот, кој бил во сопственост на семејството Бреговиќ, гледа на теснецот што ги дели Европа и Азија од една страна, а шумата од друга.
View this post on Instagram
– Пред извесно време се зборуваше дека Брега има куќа овде во Истанбул, но моето знаење е друго. Никој од нашите луѓе не поседува недвижен имот во тој дел на Босфорот, па најверојатно го продал својот. Не ги знам деталите, но го знам целото маало. Овде живеам 30 години и би знаел дека се уште има куќа. Сум го сретнал неколку пати со пријатели во ресторани на европскиот брег на Босфор, но последниве години го немам видено овде во Истанбул – истакнува изворот за Информер.рс
Да потсетиме, Бреговиќ има куќи и воопшто недвижен имот низ разни крашита – во Белград, Црна Гора, Париз, Загреб, Сараево… Меѓу другото, популарноста на Брага донесе и соработката со Емир Кустурица на филмовите „The Hanging House“, „Arizona Dream“ и „Underground“.
фото:Instagram printscreen/ goran_bregovic_official