Анџелина Џоли ја откри својата верзија за инцидентот што доведе до развод од Бред Пит и шокантните наводи за семејно насилство. Иако овој инцидент се случи во 2016 година, сега на површина испливаа деталите.
Анџелина побарала ФБИ да интервенира во „пресметката“ со Бред, бидејќи се скарале и актерот наводно физички ја нападнал сопругата во тој момент, во приватниот авион, што го става случајот во надлежност на федералните власти. ФБИ не го гони Бред дополнително, поради што Анџелина поднесе тужба, чии детали сега се објавени.
Пијан Бред Пит ја нападнал Анџелина Џоли и ги навредувал децата, а дошло и до физички конфликт.
Во тужбата таа наведува дека Бред ја навредувал неа, како и децата кои биле со нив во авионот, а потоа и физички ја нападнал. Актерката наведува и дека Пит бил пијан за време на тој авионски лет.
„Ролинг Стоун“ пренесува дека Анџелина во тужбата навела дека Бред Пит ја фатил за глава, ја турнал до ѕидот од бањата и го удрил таванот на авионот. Кога едно од децата го навредил таткото , Пит налетал на детето и тогаш Анџелина го фатила одзади и го задржала.
„Го уништуваш ова семејство, твоето дете е како убиецот од Колумбајн“, извикал Пит, наводно мислејќи на ученикот кој го извршил крвавиот пир во истоименото училиште, што е еден од најлошите масакри во американската историја.
Џоли потоа прикачи фотографии од повредите кои наводно ги добила и призна дека можеби и самата го изгребала Пит. Сепак, ФБИ одлучи да не покренува понатамошна постапка, поради што актерката остана разочарана, па ги прекори и ги тужеше.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб/Профимедиа