Актерот Бред Пит имаше можност да соработува со некои од најголемите ѕвезди во Холивуд.
Кога зборуваше за својата кариера и актерските идоли во 1996 година, тој истакна дека познава многу малку актери на кои може да се погледне.
„Затоа ги ценам постарите филмови, бидејќи прикажуваат човек кој се залага за своите принципи. Да го земеме за пример Роберт Редфорд. Мажите сакаа да бидат како него, а жените сонуваа мажите да бидат како него“, рекол тогаш тој, пренесува „Индекс.хр“.
Кажал и дека изгледот не го смета за пресуден за ништо. „Изгледот е првиот впечаток, но не се концентрираме само на него. Некој не ви фаќа око веднаш, но кога зборувате стануваат најубави на светот“, рекол актерот. Потоа изјави и дека омилена актерка му е Дајана Вист.
„Најголемите актери не се она што би ги нарекол убави. Ќе ви кажам која е мојата омилена актерка – Дајана Вист. Не би ја нарекле секс симбол, но за мене таа е најубавата жена на екранот“, искрено изјави Бред Пит. Дајана Вист е добитничка на два Оскари, за улогите во филмовите „Куршуми над Бродвеј“ и „Хана и нејзините сестри“. Покрај тоа, имавме можност да ја гледаме и во продукциите „Футлуз“, „Родителство“, „Едвард Раки со ножици“, „Извидник“, „Практична магија“, „Јас сум Сем“, „Патници“, „Голема година“ , „Сестри“, „Мула“, „Навистина ми е грижа“, „Закон и ред“ и други.
Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм