Радио Милева славенички расположени

Бред Пит го прослави роденденот со 30 години помладата партнерка која го остави сопругот и почна врска со славниот актер (фото)

Бред Пит го прослави роденденот со 30 години помладата партнерка која го остави сопругот и почна врска со славниот актер (фото)

Миленикот на жените ширум светот, Бред Пит, деновиве го прослави својот 59-ти роденден во Холивуд, а славниот оскаровец беше придружуван од неговата нова наводна љубов Инес де Рамон.

Пит и 29-годишната дизајнерка на накит, која се разведе од актерот Пол Весли во април оваа година, беа видени како го слават неговиот роденден во ресторан во Холивуд, а насмевките на нивните лица оставија впечаток дека одлично се забавуваат заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @inesandbrad

Пред неколку дена беа видени на забава во Лос Анџелес како јавно разменуваат нежности, додека се гушкаат и лежерно се дружат со толпата.

Гласините за нивната наводна врска првпат се појавија минатиот месец, кога беа видени како се држат за рака на концертот на Боно во Лос Анџелес. Тие тогаш беа во друштво на Синди Крафорд, Ранде Гербер и Шон Пен.

“На Бред навистина му се допаѓа Инес. Се запознале преку заедничка пријателка, а таа е многу слатка. Мила е, забавна, полна со енергија. Има прекрасна личност. Бред ужива да поминува време со неа”, рекол извор близок на актерот за People.

Пит, кој има шест деца со Анџелина Џоли, се уште се бори со разводот кој трае од 2019 година, а неодамна странските медиуми го поврзуваа со манекенката Емили Ратајковски.

To top