Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и Мими Јовановска од Велес.
Мими беше во дуел со Немања Ѓурѓевиќ. Македонската кандидатка која е под менторство на Џенан Лончаревиќ се претстави со песните „Циганка је мала“ и „Катерино моме“.
По нејзината интерпретација Мими доби вкупно пет гласа и се пласираше во следниот круг.
Александар Милиќ Мили не и даде глас на македонското девојче, па објасни зошто тоа е така.
„Мими, не ти дадов глас затоа што фанстатично влезе во песната, а кога требаше да „загризеш“, не загриза. Твојот ментор е еден од најдобрите на Балканот и да го послушаше никогаш немаше да имаш таква грешка, јас тоа го препознав и затоа не ти дадов глас, за да ти укажам на грешката“, изјави Мили.
„За мене таа има глас како виолина, прекрасен кристален глас како инструмент“, изјави Карлеуша за Јовановска.
Ана Бекута и Ѓорѓе Давид од жирито само дофрлија дека македонската пејачка била маестрална.
Нејзиниот настап може да го погледенете во видоето на 1:30:47.