Промотер

„Brass Brothers“ за рака ве водат низ нивниот музички свет во – „Take My Hand“ (ВИДЕО)

„Brass Brothers“ за рака ве водат низ нивниот музички свет во – „Take My Hand“ (ВИДЕО)

Македонскиот бенд „Brass Brothers“ деновиве ги објави својата нова песна и видеозапис „Take my Hand”. Песната ја следи динамичната енергија по која бендот е веќе препознатлив и на светската сцена. „Take my Hand” е уште еден одличен спој на дувачки инструменти и моќни вокали, збогатен со иновативни примеси нa Drum and Bass Liquid Funk.

Со позитивната енергија, карактеристична за бендот, песната ни ја пренесува најмоќната порака,  дека љубовта е таа што ќе не одржи во овие предизвикувачки времиња.

Текстот и музиката ги потпишува Горан Мицевски Кус, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус. Видео записот е изработен со финансиска поддршка од Република Клуб Ресторан од Кичево, на кој „Brass Brothers“ им изразуваат посебна благодарност.

„Take my Hand” е третиот сингл од нивниот авторски албум „Balkan Mayhem” и e достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и дигитални музички продавници.

„Brass Brothers“ оваа година издадоа две авторски песни “Inseparable” и “Winner”, кои се најдоа на повеќе странски музички листи.

To top