Американската актерка Меган Фокс го напуштила својот сопруг Брајан Остин Грин со кој има три деца.
Актерот потврди дека се разделил од сопругата и истакна дека таа го оставила.
Тој вели дека не ја исклучува можноста за смирување, но моментално се „добри пријатели“ и не живеат заедно.
Брајан објаснува дека претходната година Меган била отсутна поради снимање на филм, но се договориле да се разделат на некое време затоа што често биле разделени.
Актерот вели дека тој сонувал како разделиле.
„Три недели откако си замина сонував дека се вратила и дека одеднаш се одалечивме, ништо не беше исто“ вели актерот.
Откако Фокс се вратила од снимањата, ситуацијата меѓу парот не била иста, а тој мислел дека е поради напорот и работата.
„И дадов неколку недели мислејќи дека работите ќе се вратат во нормала. Мислев дека е уморна бидејќи имаше напорни снимања“, вели Грин.
Инаку, актерката неодамна е фотографирана без бурма на раката.
Исто така, неодамна беа видени како ги предаваат децата еден на друг на паркинг во Лос Анџелес, па сите заклучија дека не се заедно во куќен карантин и секој е на своја страна.
Наводно, бракот се уште им стои на хартија, а заедно решиле да ги одгледаат тројцата синови, пишува списанието „Mirror“.
Брајан живее во Малибу, а Меган во Калабасас и сметаат дека е најдобро за нив да бидат малку раздвоени.
„Меган и Брајан многу се сакаат, но не можат да живеат заедно. Тие со месеци живеат одделно, како што беше случајот долго пред да започне пандемијата. Во ниту еден момент не планирале да се разведат. Поминаа низ тешки времиња во нивниот брак, но некако успеаја да ги решаваат секој пат, а нивните пријатели се надеваат дека и овој пат ќе биде исто – рече анонимен извор близок до нив.