Канадскиот пејач, гитарист и композитор Брајан Адамс, за првпат ќе дојде во Македонија на 13 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
„Неверојатно задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила. Во Скопје доаѓа еден од најголемите мејнстрим-артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни – Брајан Адамс!
На 13 ноември денот кога градот секако слави, во Скопје за првпат во живо ќе се слушнат ’Summer of 69’, ’Heaven’, ’Please Forgive me’, ’Everything I do (I do for you)’, ’Have You Ever Really Loved a Woman’ и многу други. Брајан Адамс доаѓа во Скопје во рамките на големата светска турнеја ’Shine a Light’, наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот“, пишува во соопштението на „Авалон“, а сите детали за влезниците ќе се знаат вечерва, 6-ти јуни, додека истите во продажба ќе бидат пуштени од понеделник, 10 јуни, во 9 часот наутро.