Деновиве главна веста во светот на шоубизинисот е скандалот на Јелена Карлеуша која наводно имала афера со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.
Имено, во медиумите се појавија експлицитни фотографии од пејачката, но и пораки од допишувањата со фудбалерот. Јелена ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека не е таа на фотографиите и дека се монтажа.
Огнен најпосле се огласи и стави крај на шпекулациите, пренесува „Ало“.
„Никогаш не сум бил фан и никој никогаш нема да може така да ме претстави. Душко знаеше за нашата афера, а јас не сакам повеќе да бидам дел од оваа приказна“ вели Огнен за „Ало“.