Драган Стојковиќ Босанац е познат по својата смиреност и воздржаност што ја покажува во секој дел шоуто “Гранд ѕвезди” и затоа беше изненадувачко кога тој се изнервира во најновата емисија.
Имено, му пречеше што еден од кандидатите, Бојан Бода Давидовиќ, играше на карта на сожалување, или со солзи во очите му се заблагодари на својот брат кој дојде да го поддржи во вториот круг од натпреварот, иако, како што посочи, имал операција минатата недела.
– Пукна сега тотално! – рече набргу Босанац.
Сепак, ситуацијата која беше поводот за да ја изгуби Босанац контролата е кога натпреварувачот побара од неговиот ментор, Јелена Карлеуша, да ги исполни своите ветувања за да го донесе до финалето.
– Можете ли да ми ветите нешто? Оние последните зборови што ми ги кажавте? – праша тој, по што Стојковиќ ги изненади сите со пцовка:
– О, не можам повеќе, П***а м***р! Не, навистина, смирете се.
Како изгледаше и звучеше видите во следниот видео клип во 02:37:50.
https://www.youtube.com/watch?v=9FhrPQJkBUg