Радио Милева честитки

Борко Ристовски стана татко по вторпат: Мама Нина од породилиште ја покажа малата Анастасија (фото)

Борко Ристовски стана татко по вторпат: Мама Нина од породилиште ја покажа малата Анастасија (фото)

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Николина станаа родители по вторпат.

На свет дојде малата принцеза Анастасија, а 31-ви јануари стана важен датум во нивните животи. Убавата вест од породилиште ја сподели среќната мајка која напиша:

-Ѕвездата пристигнува последна. Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секогаш тоа беше до утре. Моја Анастасија, сосема на време да се заљубам уште еднаш по првпат, напиша Нина во прилог на неколкуте фотографии кои се најдоа на нејзниниот Инстаграм профил.

Од приложеното може да се види дека во болницата кај мама и бебето, за прва средба со ќерката и сестричката, дошле тато Борко и братчето Душан.

Радосни и насмеани со полни срца дека малечката по девет месеци дојде на свет и е во нивните раце.

Неодамна мама Нина направи специјална фотосесија на крајот од бременоста каде позираше сама со трудничкиот стомак во прв план, но и со синчето.

Инаку, Николина се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, па по неколку дена од породувањето заедно со приновата заминуваат дома.

Честитки, да биде здрава и жива!

To top