Радио Милева среќни родители

Борко Ристовски стана татко: Нина го донесе на свет нивното синче – еве на кого личи малиот Душан! (ФОТО)

Борко Ристовски стана татко: Нина го донесе на свет нивното синче – еве на кого личи малиот Душан! (ФОТО)

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски и неговата сопруга, убавата кумановка Николина станаа за прв пат родители. Нивното долгоочекувано и долгонајавувано машко чедо, малиот Душан, дојде на свет. Тие беа во врска две години, а се венчаа дури во почетокот на годината, откако Нина беше во поодмината фаза на бременоста, по враќањето на Борко од  Светското првенство во ракомет во Хрватска!

Откако се дозна дека носи машко дете, уште нероден синот доби име, кое Борко заедно со неговите срцеви отчукувања дури и го испиша на патиките со кои бранеше на ЕП.

„Предлогот за името беше мој, а Николина го прифати. Мојот покоен татко се викаше така. Сакавме во името на нашиот син да има симболика, значење“ –  изјави тогаш во една прилика Борко.

„Јас сум најсреќната жена на светот. Ти благодарам што ме избра да бидам твоја мајка, мало мое лавче. не постојат зборови со кои можам да ги искажам моите чувства. Те сака тато… Борко Ристовски…“ -напиша на својот Инстаграм профил среќната мајка.

А мајка како мајка… Нормално е да тврди дека малиот Душан за неа е најубавото суштество што го има видено. Така и е! Ама загрижените душегрижници веднаш почнаа да шпекулираат на кого личи бебето, на кого е метнат малиот Душан?  И на прв поглед се чини дека беа во право оние што велат дека е  ист тато… Што би рекле „плукнат“ Борко во ликот. Сепак има многу тоа и на мама. Впрочем, децата многу бргу го менуваат ликот во разни фази од возраста, така што на кого личи и не е воопшто важно. Најважно е да е жив и здрав и мама и тато да ги прави среќни и горди цел живот! Нека им е со среќа!

 

To top