Радио Милева Изненадување

Борко Ристовски и сопругата Нина на специјална забава го открија полот на бебето кое го очекуваат (фото+видео)

Борко Ристовски и сопругата Нина на специјална забава го открија полот на бебето кое го очекуваат (фото+видео)

Ракометниот голман Борко Ристовски ќе стане татко по вторпат, вест која на пошироката јавност и е позната откако неговата сопруга неодамна обзнани дека повторно е бремена.

Деновите, неделите и месеците минуваат, а стомакот на Николина или Нина на Борко, расте и расте…

Николина деновиве го прослави својот 30-ти роденден, а тоа беше и одлилчен повод за на забавата да биде откриен и полот на бебето кое го носи во стомакот.

За разлика од повеќето кои преку кутија полна со балони во сина или розова боја откриваат какво бебе ќе дојде на свет, Борко и Нина се одлучија за нешто поинтересно, понеобично и забавно.

Имено, тие ангажираа две маскоти облечени како машко и женско бебе, а онаа која дојде во моементот кога очекуваа беше онаа со розова панделка.

Поради тоа што во претходните објави Нина пишуваше дека доаѓа уште едно лавче, се претпотавуваше дека ќе допбијат уште едно машко, па Душан ќе биде постаро братче.

Изненадување беше во секој случај, а за мама и тато нова среќа и нова радост во растењето на женско.

фото:Instagram/Николина Нина Ристовска

To top