Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски и неговата сопруга Николина уживаат во улогата на родители на нивното прво дете.
Сопругата на голманот се породи пред три месеци во Барселона, а на синчето му го дадоа името Душан.
Отогаш, тазе родителите се во секој момент со својот син, а Ристовски знае често да сподели заеднички фотографии со новиот член на семејството.
Меѓутоа, овој пат Борко во кратките приказни на Инстаграм сподели нешто друго: како изгледа дел од новата собата не неговиот син.
Имено, на ѕидовите преовладуваат ликови од цртаните филмови, па собата е направена во мала детска идила каде што Душан ќе ужива во почетоците на своето детство.
Еве како изгледа собата на синчето на Борко.
фото: Принтскрин