Радио Милева Модно засилување

Борко Ристовски беше презентер на „Макфест“, но улога од зад сцената имаше и неговата бремена сопруга Нина, а еве и каква… (фото)

Борко Ристовски беше презентер на „Макфест“, но улога од зад сцената имаше и неговата бремена сопруга Нина, а еве и каква… (фото)

На изненадување на сите, ракометниот голман Борко Ристовски се појави во улога на презентер на актуелното 37-мо издание на фестивалот на забавна мелодија „Макфест“ чија ревијална вечер се одржа во саботата.

Борко ја најави групата изведувачи кои ќе настапат следно, а како за првпат на таква сцена, тој се снајде одлично.

Како поддршка од зад сцената беше и неговата сопруга Николина која не само што му правеше друштво на сопругот, туку и таа бркаше своја работа, односно Нина се погрижи за изгледот на дебитантката и ќерка на Јиоан и Соња Тарчуловски, Мелани, која исто така се претстави на „Макфест“.

Нина за оваа сценско издание на својата клиентка и создаде впечатлива креација која ја истакна нејзината линија, специфичен модел кој ја издвојуваше со посебноста од волуменозни ракави.

Инаку, Нина на Борко веќе серозно претендира да стане успешен моден дизајнр на што посветено работи на едукација и соработки со познатите, како во случајов.

Иако е во во поодмината бременост Нина не мирува и предано работи на својата модна кариера. За Борко ова беше излет и ново доживување пред јавноста, но за ноговата сопруга сериозен чекор за понатамошната кариера како моден дизајнер.

To top