Промотер

Бони го визуелизираше својот макфестовски хит – „Ми амор“ (ВИДЕО)

Бони го визуелизираше својот макфестовски хит – „Ми амор“ (ВИДЕО)

Божица Китановска е ново име на македонската естрадна поп сцена, за кое можеби малкумина слушнале. Но, ако кажете само  Бони, како што гласи нејзинотои уметничко име и го споменете нејзиното појавување на последниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2023“, на многумина ќе им текне на впечатливиот настап на сексапилното црнко мињонче, кое со својот танц и стајлинг и нејзината хитовски ориентирана тема „Ми амор“, многумина остави со подзината уста и без збор.  

Бони е позната по своите настапи најмногу по скопските кафулиња, а за музиката како што самата преферира да каже, се интересира веќе неколку години. Самата пишува песни, снима и настапува со свој бенд. До сега кариерита ја водела исто така самата, но отсега има и менаџер. Повикот да учествува на најреномираниот македонски фестивал ја изненадил, а за да ја комплетира песната и помгнал Иван Јованов – Ивајо. Големата сцена и е следниот предизвик, па затоа повторно би настапувала на фестивали.

„Сепак, се’ е до песната… Ако е добра, ќе помине, луѓето ќе ја засакаат. Ако не е, колку и да ја туркаш, каков и да има маркетинг, нема да помине онака како што треба“ – ќе каже Бони при гостувањето во една ТВ емисија.

Инаку, за нејзиниот дебитантски настап на „Макфест 2023“, односно за песната „Ми Амор“ деновиве Бони сними и интересен видеоспот, кој ќе му го продолжи животот на ова нејзино  фестивалско музичко парче, кое се’ уште се врти во македонскиот радио – етер.

Како изгледа визуелизацијата на нејзиниот макфестовски радио хит „Ми амор“, продуцирана од „Универзум продукција“ со  режисерски потпис на самата Бони и Томислав Живковиќ, проследете од видеото во продолжение.

To top