Промотер

Бонев, Зилант и Славица Ангелова се заедно, а сепак – „Изгубени“ (ВИДЕО)

Бонев, Зилант и Славица Ангелова се заедно, а сепак – „Изгубени“ (ВИДЕО)

Струмичките музичари БоневЗилант и Славица Ангелова деновиве ја промовираат својата прва заедничка соработка насловена „Lost“. Музиката, аранжманот и продукцијата се на двајцата диџеи и продуценти Димитар Бонев и Ѓорѓи Кренков – Зилант, а стиховите си ги потпишува самата Славица.

Талентираната пејачка за јавноста е позната по учествата во регионални музички натпревари, како што се „Неки нови клинци“ во Србија, „Гласот на Бугарија“ и првото издание на македонското музичко шоу „Ѕвезда број 1“. Бонев и Зилант, пак, се исто така познати на домашната електронска сцена, а како што откриваат за „Струмица нет, по оваа прва заедничка песна ќе следат уште неколку интересни соработки со добро познати уметници од регионот.

„Lost“ стигна во комплет со видео што се снимаше на повеќе локации во Струмица, под режисерската палка на Митко Ников и по сценарио на Мирјана Кирова, а главните улоги ги добија Стефан Наков и Викторија Баџукова. Како изгледа и звучи оваа одлична соработка на струмичкото трио, дознајте во продолжение.

To top