Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња „Бонд“ доаѓа во Скопје со гала концерт, на 20-ти март во Македонската филхармонија.
Квартетот „Бонд“ е супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чиин на пркосење со стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња.
Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток, а меѓу авторите на некои од нивните композиции е и хрватскиот хитмејкер Тончи Хуљиќ.
Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“, има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.
Од основањето на квартетот „Бонд“ па до денес, имаат огромен број на настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти.