Радио Милева Потресно

Болна исповед на Памела Андерсон: „Моето момче мислеше дека е интересно да ме силува со уште 6 другари!“

Болна исповед на Памела Андерсон: „Моето момче мислеше дека е интересно да ме силува со уште 6 другари!“

Актерката Памела Андерсон пред неколку години јавно откри како била малтретирана како дете. Таа објасни како дадилката сексуално ја нападнала во периодот кога била шест до десет години и за шок на сите, нејзиниот пекол не завршил тука…

Потоа изјавила дека била силувана од 25-годишен маж на дванаесет години, додавајќи дека циклусот на злоставување продолжил дури и кога имала 14 години, кога таа била силувана од нејзиното момче заедно со неговите шест пријатели.

„Моето тогашно момче мислеше дека е интересно да ме силува со уште шест пријатели. Не сакав да живеам, сакав да исчезнам“, рекла актерката.

фото:јутјуб

Скршената мајка на Памела Андерсон, Керол, признала дека не знаела низ што сè поминува нејзината ќерка, додека јавно не го признала тоа во Кан. По признанието на Памела дека двапати била силувала и дека била злоставувана во детството, нејзината мајка останала во шок и целосно збунета, но пред сè тажна поради сето тоа што го поминало нејзиното дете, само.

Керол пред неколку години рекла дека немала поим низ каков хорор поминувала нејзината ќерка, како и дека целото семејство останало без зборови по ова признание. Во исто време, канадската полиција покренала истрага по повод наводните злочини.

Имено, Памела на претставувањето на својата фондација во 2014-та во Кан отворено зборувала за своето детство и страдањето, и по првпат признала дека нејзиното прво сексуално искуство било силување.

„Седев со отворена уста кога го дознав тоа. Мојот сопруг Бери и јас секогаш мислевме дека сме посветени родители, па затоа навистина беше ужасно да се слушне ова. И јас бев подеднакво шокирана како сите луѓе, особено бидејќи мислев дека сум блиска со децата. Мојот син Гери со часови плачеше, никогаш не сум го видела така да плаче и тоа бидејќи се чувствуваме како да не сме ја заштитиле доволно добро Памела“, раскажала Керол.

Керол вели дека до самиот говор во Франција не знаела ништо за тоа, а откако го одржала говорот, Памела ѝ испратила мејл на мајка си.

„Мамо, немој ова да го сфатиш лично, многу те сакам и целата сила и навики за работа ја добивме од тебе“, напишала Памела.
„Едноставно сакала да го тргне тој товар. Мора да ѝ било многу тешко, особено во тие години“, рекла тогаш вознемирената мајка на актерката.

Керол посебно се загрижила поради тврдењата дека и дадилката ја злоставувала. Како што рекла, таа работела и давала сè од себе за да биде тука за Памела и нејзиниот брат, секогаш кога можела. Но, во текот на денот дадилката се грижела за Памела.

„Пам и јас бевме многу блиски тогаш, работев преку ден и се трудев да бидам дома секоја вечер со неа и брат ѝ. Ако навистина дадилката ја злоставувала од 6-та до 10-та година, тогаш тоа е навистина тешко да се поднесе. Но, не се сеќавам за која дадилка Памела зборува, имаше многу“, раскажала таа.

Но, најмногу од сè, Керол била шокирала од фактот дека нивната ќерка ова го криела од нив долги години.

„Не можам да верувам дека тоа не ми го кажала уште тогаш, не беше срамежливо девојче и затоа ова ми го крши срцето. Ние многу работевме, но Памела и нејзиниот брат беа блиски и се грижеа еден за друг. Тој е четири години помлад од неа, и толку е шокиран. Се обидува да се сети на сè за дадилките од тој период“, додала мајката.

Таа верува дека нејзината ќерка го изнела ова болно признание, бидејќи на тој начин сакала да им помогне на другите девојки кои преживеале силување – да зборуваат за тоа, а не да го чуваат во себе.

To top