Радио Милева „сакав да го избришам тоа!“

Болна исповед на холивудската актерка Брук Шилдс: „Целосно се смрзнав додека ме силуваа!“

Болна исповед на холивудската актерка Брук Шилдс: „Целосно се смрзнав додека ме силуваа!“

Холивудската актерка Брук Шилдс во новиот документарен филм „Pretty Baby“ откри како била сексуално нападната веднаш по дипломирањето во 1987 година.

По дипломирањето на Принстон, таа се обидела да се врати во Холивуд, па во една прилика отишла на вечера со маж за да разговара за потенцијалните проекти.

Неидентификуваниот маж потоа ја поканил во неговата хотелска соба, тврди 57-годишната актерка.
Кога стигнале до собата, тој исчезнал на извесно време, а кога се вратил бил целосно гол. Брук вели дека не пружила отпор бидејќи се плашела дека ќе се задуши.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

– Не се спротивставив. Јас … Целосно „замрзнав“. Мислев дека едно „не“ ќе биде доволно, само си помислив: „Остани жива и бегај“ – рекла ѕвездата од филмот „Сина лагуна“.

-Знаев да се „одвојам“ од своето тело затоа што тоа го вежбав – додала актерката, која потоа со лифтот се спуштила на приземје, се качила во такси и плачела цел пат додека се возела до станот на својата пријателка.
Таа смета дека не го обработила тоа што била силувана долго време и се обвинувала себеси за тоа што и се случило.
– Ми рече: „Не им верувам на другите, но ти верувам тебе“. Беше толку излитено и мизерно. За време на вечерата пиев вино, стигнав до хотелската соба, бев полна со самодоверба – се присетува Шилдс.

Многу години подоцна, таа на својот напаѓач му напиша писмо во кое се соочи со него за тоа што го направил, но тој го игнорираше тоа.

– Тогаш реков: „Одбивам да бидам жртва затоа што ова е нешто што се случува без разлика кој си“ – заклучила таа.
– Сакав да го избришам сето тоа од мојот ум и тело и само да продолжам по патот по кој бев. Системот никогаш не ми помогна, па едноставно морав сама да станам посилна – додава таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

Шилдс, која има две ќерки со нејзиниот сопруг, продуцентот Крис Хенчи, долго зборуваше за тоа како била сексуализирана во Холивуд откако се појавила гола во филмот „Pretty Baby“ од 1978 година, по кој го добил името и нејзиниот нов документарен филм. Она што е невообичаено е тоа што таа тогаш имала само 11 години.

Во интервјуто со Дру Баримор минатата година, Брук призна дека се чувствувала „искористена на многу начини“ за време на нејзината долга холивудска кариера.

фото:Инистаграм/ Брук Шилдс

To top