Радио Милева Подобро спречи, отколку лечи

Болеста на актерот Рајан Рејнолдс повеќе не е тајна: Тој јавно се исповеда од болничката постела (фото)

Болеста на актерот Рајан Рејнолдс повеќе не е тајна: Тој јавно се исповеда од болничката постела (фото)

Еден навидум обичен, рутински преглед го имаше својот епилог на операционата маса. Рајан Рејнолдс го шокираше светот кога на својот канал на Јутјуб откри со каков сериозен здравствен проблем се соочил неодамна.

Акциониот херој „Дедпул“ не можеше да ги искористи своите супермоќи против овој непријател.

Имено, актерот при лекарски преглед случајно открил полип на дебелото црево, кој може да има многу опасни последици. На пример, да предизвика рак.

Проблемот беше успешно решен, но Рејнолдс реши да ја подигне свеста за сериозноста. Подобро да се спречи отколку да се лекува. И направи колоноскопија на време. Затоа ја сними целата медицинска процедура и ја објави во јавноста.

Малку познати личности би имале храброст да направат таков чекор бидејќи на видеото буквално се гледа како камерата поминува низ анусот и открива полип на десната страна на дебелото црево.

Веднаш бил отстранет, а лекарот, покажувајќи му го проблематичното ткиво на Рејнолдс, рекол дека колоноскопијата му го спасила животот.

фото:Јутјуб принтскрин

To top