Водителот Дејан Пантелиќ го победи ракот, па искрено го отвори срцето и раскажа како се почувствувал кога дознал дека е болен од оваа страшна и опака болест.
„Работата го враќа човекот во нормала. Кога разбрав дека сум болен имав помош од психијатар, да ме подготви да се борам за својот живот бидејќи имам мали деца. Во тој момент размислував како мојот Вукашин не го научива да игра фудбал, а Лана која почна на училиште, не ја испратив до училишниот двор. Тоа ми падна многу тешко“ – искрен беше Дејан.
„Искрено, не се сеќавам на моментот кога ми рекоа дека имам рак. Во тој момент човек треба да биде себичен па да мисли само на себе“ – додава водителот.
Пантелиќ најмногу го погодило кога ќерка му не го познала бидејќи од терапијата ослабел 20 килограми и дека мора да се слика за медиумите да докаже дека е жив.Водителот Дејан
Пантелиќ решил да се повлече од малите екрани. На емотивен начин се прости од гледачите на емисијата „150 минути“. Дејан се повлекол од работа пред камера, но не и од работа зад неа и се’ уште останува во медиумите.
„Ова е последен пат да ви кажам: ‘Ќе се видиме повторно’. Се повлекувам од оваа водителска позиција, ќе работам некои други работи, исто така во телевизија, нема да се повлечам од медиумот, далеку од тоа. Она што е сигурно, ве оставам во сигурни раце. Ќе се обидам да го пренесам моето знаење на помлади, поубави и подобри колеги“ – рекол Пантелиќ во својата последна ТВ одјава.
Да потсетиме, на Дејан Пантелиќ во 2012 година му беше дијагностициран тумор на крајниците, по што следело долгогодишно лекување, а на почетокот на следната година му беше извршена операција.
Инаку, Дејан Пантелиќ стана познат како водител на првото регионално музичко натпреварување „Идол“ во 2004 година, во кое се натпреваруваа таленти од Србија, Црна Гора и Македонија, а нашата тогаш се’ уште анонимна Ноне Неделковска во големото финале заврши како второпласирана иако реално требаше да биде победник (ВИДЕО – КЛИКНИ ТУКА):